Бензините поевтинуваат денар, дизелот 1,5 денари

Bez autora
Jan 13 2014

Малопродажната ценат на бензините и екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека дизелот поевтинува 1,5 денари за литар. Вака во понеделникот одлучи Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница наменета за корекција на цените на горивата. Согласно одлуката, од полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 77,5 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари за литар. Новата цена на еуродизелот изнесува 68,5 денари, а на екстралесното масло за домаќинство 57,5 денари.

Бензините поевтинуваат денар, дизелот 1,5 денариМалопродажната ценат на бензините и екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека дизелот поевтинува 1,5 денари за литар.

Вака во понеделникот одлучи Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница наменета за корекција на цените на горивата.

Согласно одлуката, од полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 77,5 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари за литар.

Новата цена на еуродизелот изнесува 68,5 денари, а на екстралесното масло за домаќинство 57,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,824 ден по килограм, со што новата цена на овој дериват изнесува 39,384 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14- то дневен период е за  2,73 % пониска од просечната цена по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот наведениот период беше за 0,44 % по висок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik